Села: Во последниот османлиски попис не постоеле Македонци како етничка графа

 Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, гостувајќи во емисијата „Кавга со Иван“ на Канал 5, изнесе став поврзан со историските пописи на Балканот за време на Отоманската империја. Според неговото толкување, во последниот османлиски попис, Македонците не биле заведени како посебна етничка категорија.

Села говореше за етничката структура во регионот, албанскиот идентитет и историските околности на Балканот. Во дискусијата, тој се повика на административните регистри на Отоманската империја, нагласувајќи дека тие ја класифицирале популацијата првенствено според вероисповед, а не според денешните дефиниции за национален идентитет.