Еве кој ќе ја плати казната ако друг го вози вашето возилото

 Казните од системот „Сејф сити“ ќе се издаваат на името на сопственикот на возилото. Доколку прекршокот го направил друг возач, сопственикот има обврска во рок од осум дена да го пријави вистинскиот прекршител и да го однесе во надлежната полициска станица.

Во полиција, лицето што навистина го сторило прекршокот треба да даде изјава дека ја презема одговорноста и ја признава казната. Истото може да се направи и преку нотарска изјава, стои во правните поуки наведени во записник за опомена до кој имавме увид.

За системот да профункционира целосно, потребно е Собранието да ги усвои измените на Законот за прекршоци, кои сè уште се во парламентарна процедура.

Системот „Сејф сити“ има за цел да го намали бројот на сообраќајни жртви и да ја подигне безбедноста во сообраќајот преку автоматско откривање и санкционирање на прекршоците.