НАЈНОВА ВЕСТ: Во Скопје отворена првата јавна куќа - си направиле и каталог со жени и цени

 Во Скопје, според неофицијални извори, пред неколку дена започнала со работа јавна куќа во која се нудат сексуални услуги за пари. Истите извори тврдат дека во понудата има жени од Македонија, но и од странство -  Колумбија, Бразил, Украина и Албанија.

На интернет се појави и каталог со слики од жените како и можност за закажување на термин. Цените се движат од околу 100 до 600 евра, во зависност од времетраењето на ангажманот.

Организирањето и посредувањето во проституција во Република Македонија е строго забрането и казниво според Кривичниот законик, со можност за високи парични и затворски казни.

И покрај сериозноста на случајот, досега нема реакција од Министерството за внатрешни работи ниту од другите надлежни институции. Граѓаните очекуваат истрага и официјално потврдување или демантирање на информациите.