Голема полициска акција во Македонија: Специјалци апсеа поголема група

 Во текот на 28 и 29 ноември 2025 година, на неколку различни локации низ Скопје, специјалците спроведоа координирана акција при која беа приведени повеќе лица.

Лишени од слобода се Д.К. (29) од Република Словенија, О.О. (30) од Република Турција, како и скопјаните М.И. (39), Р.Ш. (42) и К.К. (43). При претреси кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и четири шишиња со непозната течност.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.