Љубовната приказна на фолк-пејачката Анета и нејзиниот нов избраник, кларинетистот Рубин Размоски, сè појасно се преточува и во јавна фотоколекција. Секако, интимните моменти остануваат во приватната архива, но дел од нив веќе гордо ги споделуваат со публиката.
Последниве недели Анета е честа тема во медиумите, особено откако отворено призна дека повторно е заљубена. По разводот, како што самата вели, конечно го пронашла вистинскиот човек со кој повторно почувствувала љубовна магија.
За Рубин таа неколкупати нагласила дека е човекот кој ѝ ја променил перспективата и дека до него љубовта ја доживува како никогаш досега.
„Ме освои со својата совршеност. Откако го запознав, буквално ми се отворија очите и светот околу мене изгледа поинаку,“ искрено изјави пејачката.
Очигледно е дека е преплавена од чувства – секогаш кога зборува за
саканиот, од неа извираат најубави зборови. Повод за нови емоции беше
роденденот на Рубин, кога Анета на социјалните мрежи му упати честитка:
„Со тебе секој ден е дар. Среќен роденден, да си ми здрав и жив.“




