Настрада за да го спаси семејството: Ова е 43 годишниот Дарко кој беше убиен

 Трагедија што можела да заврши со масакр, но била запрена со една човечка жртва, се случила во Словенија. Дарко Сениќ го загубил животот обидувајќи се да ги заштити најблиските, спречувајќи уште поголема крвопролевање во семејна куќа во општина Чрномељ.

Инцидентот се случил во саботата, 31 јануари, во населбата Бојанци, каде според словенечките медиуми, 43-годишниот Сениќ од Босански Нови престојувал кај својата сестра заедно со сопругата и двете деца.

Реклама

За убиството се сомничи неговиот зет, ловџијата Борислав Бојаниќ, кој наводно истиот ден се вратил од лов под дејство на алкохол. Обидот на Сениќ да ја смири ситуацијата завршил со вооружен напад.

Според неофицијални информации, осомничениот најпрво пукал кон својот 23-годишен син, но куршумите не го погодиле. Во куќата во тој момент имало повеќе членови на семејството, меѓу кои и малолетни деца.

Откако ги слушнал истрелите, Дарко Сениќ веднаш се искачил на катот и успеал да заштити едно од децата на својата сестра. Сепак, напаѓачот продолжил да пука и го усмртил Сениќ.

Во моментот на пукањето во објектот се наоѓале неговата сестра, мајката, сопругата, двата малолетни сина и уште три деца, од кои две биле малолетни.

По злосторството, осомничениот наводно ги изгасил светлата, побегнал низ прозорец и исчезнал во непознат правец. Полицијата од Ново Место веднаш започнала интензивна потрага и упатила апел до јавноста за внимателност.

Потрагата по Борислав Бојаниќ продолжува, а сите кои располагаат со информации за неговото движење се повикуваат да ги контактираат надлежните институции, пренесуваат регионалните медиуми.