Деталите за полициската акција во Македонија - запленети се 400.000 фалсификувани евра

 Полицијата во Србија уапсила шест лица, членови на организирана криминална група, поради сомнение за фалсификување на пари. Оваа акција е резултат на заедничката работа на полицијата од Србија, Македонија и Европол, под кодното име „Вардар“. Министрот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека апсењата се извршени на различни локации во Србија, вклучувајќи ги Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и Суботица, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал.

При апсењата, полицијата запленила значителна количина фалсификувани пари, а до сега се пронајдени околу 180.000 евра во апоени од 50, 100 и 200 евра. Во претходниот период, запленети се уште 120.000 евра, што го носи вкупниот износ на 300.000 евра. Во Македонија, за време на истражната акција, запленети се помеѓу 300.000 и 400.000 евра фалсификувани пари, а откриена е и машина за печатење фалсификувани пари. Акцијата продолжува.