Тешка сообраќајка во Македонија: Пијан возач прегазил 13 годишно девојче и избегал

 Во раните утрински часови, околу 02:10 часот, на улицата „Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од локалното одделение го привеле 51-годишниот Г.А. од истиот град.

Според полициските информации, на 12 август 2025 година, околу 23:00 часот, тој управувал патничко возило марка „Мерцедес“ со италијански регистарски таблички и удрил во 13-годишна девојка од Македонска Каменица, по што го напуштил местото на несреќата.

Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и било итно пренесено во Клиничката болница во Штип за укажување медицинска помош.

По преземени мерки, возачот бил лоциран и тестирањето покажало дека возел под дејство на алкохол, со измерени 1,99 промили. Тој бил задржан во полициската станица, а по целосно расветлување на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Descriptive Alt Text