Тепачка во Кисела Вода поради недоразбирање во сообраќајот

 Двајца скопјани се степале по недоразбирање во сообраќајот во населбата Кисела Вода.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 3 април 2025 година во 23:30 часот. По претходна сообраќајна незгода, дошло до расправија која прераснала во физичка пресметка помеѓу двајца скопјани – 61-годишниот Б.Б. и 55-годишниот Ш.Б.

Надлежните органи го истражуваат случајот, а по неговото целосно документирање ќе биде поднесен соодветен извештај.