ФОТО: Ова е 20 годишниот Марко кој го загуби животот откако возач не му отстапи првенство на минување – трагедија кај Лесковац

 

  Дваесетгодишниот Марко Краљевиќ од Лесковац, кој вчера беше тешко повреден во сообраќајна несреќа кај селото Горњи Стопање, почина во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Според информациите на весникот „Блиц“, Краљевиќ управувал мотоцикл кога дошло до судир со патничко возило. По несреќата, тој бил хоспитализиран со тешки телесни повреди, опасни по живот, и покрај обидите за реанимација, починал во болница.

Полицијата од Лесковац го уапсила Д.Д. (53) од околината на градот, под сомнение за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај. Се сомнева дека осомничениот управувал со автомобил марка „Пасат“ и не му отстапил првенство на мотоциклистот, при што дошло до судирот.

Основното јавно обвинителство Лесковац му одредило мерка притвор до 48 часа, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава и ќе биде изведен пред надлежниот јавен обвинител.

Според локалните портали, Краљевиќ бил познат како еден од најпримерните ученици на Лесковачката гимназија.