Пукање во скопско Волково: Две лица се убиени

 Утрово во скопската населба Волково се случил инцидент во кој дошло до пукање. Според првичните информации причина за пукањето била расправија помеѓу повеќе лица. Во инцидентот се убиени две лица.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), пукањето било извршено од едно лице со огнено оружје кон соседите, при што настанале повреди. На местото на настанот се присутни голем број полицајци кои го обезбедуваат теренот, а на помош е повикана и Брза помош.

Во моментов нема детали за причините и околностите на инцидентот, но се очекуваат дополнителни информации.