НАЈНОВА ВЕСТ: Полицијата експресно го приведе насилникот кој тепаше бремена жена во живо на ТикТок

 Денеска на социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како маж физички напаѓа бремена жена за време на пренос во живо на ТикТок. Министерството за внатрешни работи потврди дека насилникот е брзо приведен и однесен во полициска станица.

Дополнително, дознаваме дека против истиот човек веќе се води судски процес, бидејќи во минатото бил пријавен за насилство врз друга жена.