Македонскиот амбасадор во Русија пијан предизвикал инцидент среде Москва

Според објави на рускиот портал politnavigator.net, македонскиот амбасадор во Руската Федерација, Ненад Колев, наводно предизвикал сообраќајна несреќа во Москва додека бил под дејство на алкохол. Информацијата се повикува на колумна на српскиот новинар Петар Давидов, објавена на порталот pravda.rs.

Во написите се тврди дека амбасадорот претходно консумирал поголема количина алкохол, по што нестабилно се движел и потоа седнал зад волан на дипломатско возило. Наводно, прекршувајќи сообраќајни правила, направил непрописно свртување и се судрил со друго возило.

Случајот, како што се наведува, е документиран и со снимки од безбедносни камери, на кои се гледа како дипломатот има потешкотии да одржи рамнотежа по несреќата.

Иако овие информации доаѓаат од медиуми и колумнистички извори, ваквите наводи, доколку се потврдат, отвораат сериозни прашања за одговорноста и угледот на дипломатските претставници на државата во странство.