Платите на функционерите повторно се во фокусот, откако владата планира нивно зголемување за 10 проценти. Во исто време, илјадници работници во Македонија се соочуваат со реалноста платата да не им стигнува до крајот на месецот.
Поради тоа, Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест на 28 јануари. Според претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ова не е протест од удобност, туку од потреба – за луѓето кои работат, а живеат со примања под основните животни трошоци.
Синдикатите бараат:
-
минималната плата да изнесува 600 евра
-
зголемување на платите за најмалку 6.000 денари
Според изнесените податоци, над 200.000 работници примаат плата под 31.200 денари и живеат на или под прагот на сиромаштија. Истовремено, зголемувањето од 10 проценти на платите на функционерите значи дополнителни 200 до 300 евра месечно.
Поддршка за протестот најави и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.
