Биткоинот со тежок пад: Светската елита ги вади парите, се вложуваат во нов coin кој доаѓа од Балканот

 Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот, влезе во 2026 година со силен негативен тренд, а пазарната паника дополнително се продлабочува поради повлекувањето на големите институционални инвеститори и повторното отворање на контроверзни теми поврзани со потеклото на самата криптовалута.

Биткоинот од почетокот на годината е во пад од околу 11 проценти и во моментов се тргува речиси 40 проценти под рекордното ниво од октомври 2025 година. Според „Bloomberg“, цената падна под 74.425 долари, што е најниско ниво од октомври 2024 година и најслаба точка по повторното преземање на претседателската функција од страна на Доналд Трамп.

BlackRock почна да продава – „паметните пари“ се повлекуваат

Особено загрижувачки сигнал за пазарот е фактот што, според пазарни движења и анализи на ончејн податоци, инвестицискиот гигант BlackRock започнал со намалување на својата изложеност кон биткоин, односно продажба на дел од своите позиции.

Реклама

BlackRock со години беше симбол на институционалната доверба во биткоин, а неговото повлекување многумина го толкуваат како јасен знак дека големите играчи очекуваат подолг период на нестабилност и пад. Кога најголемите финансиски фондови ги вадат парите, малите инвеститори најчесто остануваат изложени на ризик.

Повторно се отвора прашањето: кој навистина стои зад биткоинот?

Покрај економските и пазарните фактори, падот на биткоинот се совпадна и со обновени шпекулации и теории што повторно кружат во јавноста по објавувањето на таканаречените „Epstein files“ – документи и сведоштва поврзани со мрежата на покојниот Џефри Епстин.

Во дел од алтернативните финансиски и крипто-кругови повторно се појавија тврдења дека Епстин и луѓе од неговото опкружување наводно имале улога во раните фази на создавањето или финансирањето на биткоин, што официјално никогаш не е потврдено. Овие наративи дополнително ја разгоруваат недовербата, особено поради фактот што вистинскиот идентитет на креаторот на биткоин – Сатоши Накамото – и по повеќе од една деценија останува непознат.

Одредени поранешни финансиски аналитичари и јавни личности веќе подолго време предупредуваат дека „денот кога ќе се открие кој навистина стои зад биткоинот, може да биде денот кога тој ќе почне да пропаѓа“, бидејќи митот за децентрализација и анонимност е клучен дел од неговата вредност.

Техничката анализа дополнително ја потврдува слабоста

Според автоматската техничка анализа на норвешката компанија „Investtech“, состојбата на биткоинот, заклучно со 4 февруари 2026 година, е негативна и на краток и на среден рок. Забележан е силен паден тренд, негативен моментум и растечки песимизам кај инвеститорите.

Иако не се исклучуваат краткорочни скокови поради препродадени нивоа, аналитичарите предупредуваат дека пробивањето на клучните нивоа на поддршка може да предизвика нов бран распродажби.

Страв од најлошото сценарио

Комбинацијата од рестриктивна монетарна политика на ФЕД, силен долар, ограничена ликвидност, геополитички тензии и регулаторна неизвесност создава средина во која ризичните средства се под силен притисок. Индексите на страв и алчност сигнализираат изразен страв, а ваквата психолошка состојба на пазарот ретко оди во прилог на криптовалутите.

Иако сценариото биткоинот да достигне нула долари и понатаму се смета за екстремно, фактот што сè почесто се спомнува во јавниот дискурс покажува колку довербата е разнишана. Повлекувањето на институционалната елита и повторното отворање на контроверзните прашања околу потеклото на биткоинот дополнително го хранат тој страв.

2026 – година на претпазливост

За просечниот инвеститор, 2026 година сè повеќе се наметнува како година на дисциплина, а не на брзи добивки. Аналитичарите предупредуваат дека ниските цени не мора да значат пазарно дно и дека падниот или страничниот тренд може да потрае значително подолго.

Во вакви услови, клучни остануваат внимателното управување со ризикот, следењето на потезите на големите играчи и макроекономските сигнали – фактори кои ќе одлучат дали биткоинот ќе најде стабилно дно или ќе продолжи да тоне.