Страшна сообраќајка на патот Кочани-Штип: Има голем број повредени

 Сериозна сообраќајна несреќа се случи вечерва на експресниот пат Кочани – Штип, во близина на селото Тракање, во која, според првичните информации, учествувале три возила.

Од СВР Штип информираат дека во несреќата има повредени лица, а според неофицијални сознанија станува збор за поголем број повредени, но засега не се соопштува степенот на нивните повреди.

На местото на настанот во тек е увид од страна на надлежните служби, поради што експресниот пат е целосно затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Кочани – Штип.

Од АМСМ информираат дека експресниот пат е затворен од 19:10 часот, а возачите се повикуваат на зголемена внимателност и почитување на насоките од сообраќајната полиција.