Тешка несреќа во Македонија: Две деца се повредени откако автомобил излета од пат

 На регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод вчера (01.02.2026) околу 17:11 часот се случила сообраќајна несреќа кога патничко возило марка „Опел“, со прилепски регистарски таблички, управувано од 36-годишна прилепчанка, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата тешко биле повредени две малолетни лица на возраст од седум и девет години, додека уште еден сопатник, И.М. од Прилеп, се здобил со телесни повреди. Повредените се пренесени во Градската болница во Прилеп, каде им е укажана лекарска помош.