На првиот ден од примената на санкции преку системот „Безбеден град“, Министерството за внатрешни работи изрече 101 забрана за управување моторно возило, како резултат на сообраќајните прекршоци регистрирани од автоматизираниот надзор.
Како што информираат од МВР, најголем дел од санкциите се однесуваат на минување на црвено светло и на пречекорување на дозволената брзина. Вкупно 64 возачи биле евидентирани за непочитување на светлосната сигнализација, од кои 35 на подрачјето на Скопје, пет во Тетово и 24 во Куманово.
Во однос на брзото возење, системот регистрирал 582 прекршоци. Најмногу се забележани во Скопје – 445 случаи, додека во Тетово се евидентирани 36, во Куманово 31, а 70 прекршоци се регистрирани на патните коридори.
Од Министерството посочуваат дека врз основа на двата типа на прекршоци, изречени се вкупно 101 мерка забрана за управување со моторно возило.