Денеска (25.01.2026) околу 11:30 часот, во селото Долно Коњари, на подрачјето на Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувало патничко возило со скопски регистарски таблички, управувано од малолетно лице.
Возилото удрило во паркиран автомобил,па во случаен минувач, при што бил повреден пешакот И.Ф.
Пешакот со тешки телесни повреди е пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде што се бори за живот.
За настанот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
