Филмски грабеж во Македонија: Маскирани лица со автомати ограбија обложувалница

 Во спортска обложувалница во село во струшкиот регион синоќа се случи разбојнички напад што наликува на сцена од акционен филм. Како што информира ОВР Струга, инцидентот бил пријавен на 16 јануари околу 23 часот, кога две маскирани лица насилно влегле во објектот, при што едниот од напаѓачите бил вооружен.

Со закани кон вработените, разбојниците успеале да одземат пари од обложувалницата, по што избегале во непознат правец. За среќа, во нападот нема повредени лица.

Од СВР Охрид соопштуваат дека интензивно се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите на овој дрзок грабеж.