Благица Велјановска, фолк пејачка од Прилеп, сè поактивно се пробива на домашната музичка сцена. Публиката ја запозна преку македонското талент шоу, каде што заслужено го освои третото место и се избори за своето место под естрадното сонце.
Деновиве, таа повторно е во фокусот на јавноста овој пат со жешки фотографии од плажа. Благица самоуверено позира и покажа дека не само што има глас и став, туку и изглед што привлекува внимание. Без разлика дали ја следите поради музиката или поради нејзината појава, едно е сигурно таа знае како да остане забележана.