Ограбена филијала за брзи кредити во Скопје

 Финансиско друштво лоцирано на подрачјето на општина Карпош било мета на кражба, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицискиот билтен, во текот на ноќта на 16 јануари 2026 година, во 03:35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека непознати лица со употреба на сила влегле во просториите на финансиско друштво сместено во трговски центар во Карпош и одзеле парични средства.

Полицијата презема активности за целосно расветлување на настанот.