Тешка сообраќајка вечерва во Македонија – пожарникари ги вадеа повредените

 Три лица се здобиле со повреди во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на регионалниот пат кој ги поврзува селото Караорман и Штип. Според информациите од СВР Штип, полициски екипи се на лице место и во тек е увид на околностите под кои се случил инцидентот.

Поради потребата од техничка интервенција, пожарникарите биле повикани да помогнат при извлекувањето на повредените од возилото. Настраданите веднаш биле пренесени во Клиничката болница во Штип, каде им се укажува соодветна медицинска помош.

Од полицијата најавуваат дека повеќе детали за несреќата ќе бидат објавени утре.

Патниот правец Караорман – Штип е затворен за сообраќај од 19:35 часот. Делницата меѓу општините Штип и Карбинци, каде што се случил судирот, важи за ризичен патен сегмент на кој често има сообраќајни незгоди.