Ивона Спасовска: „Не барам богат маж – барам силен маж што знае која сум и што сакам“.
Македонскиот модел и инфлуенсерка Ивона Спасовска, која живее и работи во Швајцарија, отворено зборува за својот приватен живот и критериумите што ги има кога станува збор за љубовта. Таа моментално живее сама во Цирих, по разводот, а често престојува и во Скопје.
Во интервју за нашиот портал, Спасовска истакнува дека не прави компромиси кога е во прашање изборот на партнер.
„Не барам богат маж, ниту некој што ќе ме импресионира со статус. Барам силен маж со карактер, маж што знае која сум и што сакам“, вели таа.
Ивона е позната по својата самоувереност и директност, а јавноста често ја нарекува „македонска бомба“. Сепак, таа нагласува дека зад јавниот имиџ стои многу работа и дисциплина.
„Луѓето гледаат само фотографии, но не ја гледаат работата што стои зад тоа. Јас сум целосно независна и сама го градам својот пат“, додава таа.
Спасовска не крие дека заработува и преку платформа за ексклузивна содржина, каде што ја следат над 1.000 луѓе од различни земји. Како што вели, сè што работи е по сопствен избор и под нејзина контрола.
Кога станува збор за љубовта, таа посочува дека добива голем број пораки од мажи, но ретко кој ги исполнува нејзините критериуми.
„Многу луѓе пишуваат, но малкумина знаат да водат зрел и искрен разговор. Сакам партнер што ќе биде рамноправен со мене, а не некој што ќе се обидува да ме менува“, истакнува Спасовска.
Ивона вели дека не брза со нова врска и дека моментално е фокусирана на себе и на својата кариера, но остава простор и за љубовта.
„Ако се појави вистинскиот – добро. Ако не, јас знам да бидам среќна и сама“, заклучува таа.