СЕ ОТВОРИ ЗЕМЈАТА: Огромна пукнатина ги вознемири жителите на ова место во Македонија

 Во кумановското село Липково е забележана голема пукнатина во земјиштето, пренесува ТВ21. Станува збор за длабок и широк расед кој претставува сериозна опасност за блиските објекти и за локалната инфраструктура.

Свлечиштето веќе предизвикува материјална штета и носи директен ризик за жителите во околината. Локалната самоуправа и надлежните служби се повикуваат итно да интервенираат за да се спречи понатамошно поместување на теренот и да се заштитат животите и имотот на населението во Липково.