Според информациите на 24ur.com, младиот возач со словенечко државјанство бил забележан како со голема брзина се движи по обиколницата околу Љубљана. Кога полицијата се обидела да го запре, тој продолжил да бега, напуштајќи ја обиколницата на еден од излезите, каде на раскрсница удрил во друго возило што чекало зелено светло.
На видеото што кружи на социјалните мрежи се гледа сино возило кое се движи со опасна брзина, влетува на тротоар, потоа преку коловозот, и силно удира во црн автомобил. Од силниот удар, двете возила се превртеле и завршиле на покривите.
Возачите на двата автомобили, како и уште една сопатничка, биле повредени. И покрај тоа, сторителот успеал да излезе од превртениот автомобил и повторно да се обиде да побегне од полицијата.
Полицијата соопшти дека младиот возач бил лоциран и уапсен набргу по несреќата. Во текот на постапката било утврдено дека немал важечка возачка дозвола и дека при бегството фрлил ПВЦ кеса и чорап во кои се наоѓале речиси 60 пакетчиња кокаин и хероин.
Кај него биле пронајдени и повеќе од 3.000 евра во готовина, а возилото со кое бегал е конфискувано.
Nesreča in pobeg z nesreče (Šmartinka).. pic.twitter.com/s81sqcirxe
— Mati Tereza (@mati_tereza) November 30, 2025