Филмски грабеж во Скопје: Ограбена е филијала за брзи кредити

 Вечерва во Кисела Вода се случи дрзок грабеж во една од филијалите за брзи кредити. Според информациите на МВР, инцидентот бил пријавен во 18:49 часот, а разбојништвото се случило само неколку минути претходно, околу 18:40 часот.

Две маскирани лица влегле во објектот и со закана со оружје кон вработената успеале да земат пари, по што побегнале во непознат правец. Засега не е познато колкава сума е одземена.

Полицијата веднаш презела мерки за расчистување на случајот и работи на идентификација и пронаоѓање на сторителите.