Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, преку социјалните мрежи им се обрати на граѓаните по повод празничното украсување на градот, истакнувајќи дека Штип вечерва добива вистинска новогодишна атмосфера.
Тој порача дека празничниот дух се создава преку детските насмевки, енергијата на младите и семејната топлина, кои заедно го обединуваат градот во еден симболичен повик за радост. Илјадниците светилки, како што нагласи, ја одразуваат позитивната енергија на жителите.
„Штип најмногу сјае кога сме обединети“, додаде Јорданов во својата празнична порака.





