Исчезнато лице е пронајдено мртво во Вардар

 На 24 декември 2025 година, во 14:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека околу 11:00 часот во реката Вардар, во атарот на скопското село Трубарево, било забележано и извлечено безживотно тело на машко лице.

По преземените проверки, утврдено е дека станува збор за П.С. (71) од Скопје, за кого претходно, на 23 декември 2025 година, било пријавено дека се оддалечил од својот дом.

На местото на настанот бил извршен увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.