На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, по предлог на партискиот лидер д-р Венко Филипче, своите оставки ги поднесоа заменик-претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациските секретари, како и сите останати членови на Извршниот одбор.
Оставките се доставени до Централниот одбор и до претседателот Филипче, кој го води процесот на внатрешни реформи во партијата.
Од СДСМ информираат дека на една од следните седници на Централниот одбор, претседателот Филипче ќе предложи нови кадровски решенија за раководните органи. На функциите, како што посочуваат, ќе бидат избрани најкомпетентни и најсоодветни личности.