ФОТО: Тешка сообраќајка на влез на Скопје

 Вечерва се случила сообраќајна незгода на автопатот во близина на наплатната станица Петровец. Во моментов нема официјални информации за тоа дали има повредени лица, но според првичните сознанија, на возилата е причинета поголема материјална штета.

Полицијата ја затвори едната сообраќајна лента и се очекува наскоро да започне увид на местото на несреќата. На спротивната коловозна лента се забележуваат неколку застанати возила.

На возачите им се препорачува зголемена претпазливост при движење по оваа делница, бидејќи има густа магла што значително ја намалува видливоста.