Доцна синоќа во Скопје бил пријавен случај на самоубиство, информира телевизијата Алсат, повикувајќи се на свои извори. Според неофицијални информации, се сомнева дека станува збор за младо лице, ученик на возраст од 17 до 18 години. Како што наведуваат истите извори, трагичниот настан се случил во парк-шумата Гази Баба.
По пријавата, на местото на настанот интервенирале надлежните служби, а извршен е и увид. Засега нема официјална потврда за идентитетот и околностите под кои се случил настанот. Од Министерството за внатрешни работи се очекува во текот на денот да излезат со официјално соопштение и дополнителни информации за случајот.
