Мистериозна смрт во Скопје: Почината лице пронајдено со огромна рана

 Безживотно тело на машко лице било пронајдено во двор од семејна куќа во скопската населба Драчево.

Телото било откриено од пријател на починатото лице, кој веднаш го пријавил случајот во полициска станица.

Според првичните информации, на телото била забележана огромна отворена рана. Лекар од Итната медицинска помош излегол на лице место и ја констатирал смртта.

По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, со цел да се утврдат причините и околностите под кои настапила смртта. Полицијата врши увид и работи на целосно расчистување на случајот.