Земјотрес пред малку во Македонија

 

Утринава, на 15 декември 2025 година, во 07:20 часот по локално време, регистриран е земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во пограничниот регион меѓу Косово, Србија и Македонија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 34 километри југо-југоисточно од Приштина и 12 километри источно-североисточно од Феризај, на длабочина од околу 9 километри.

Надлежните институции ја следат состојбата и апелираат до граѓаните да останат смирени и да ги следат официјалните информации.