Skip to main content

ПОРТАЛ 24/7

Search This Blog

on Tuesday, December 02, 2025
  • Get link
  • Facebook
  • X
  • Pinterest
  • Email
  • Other Apps

 


  • Get link
  • Facebook
  • X
  • Pinterest
  • Email
  • Other Apps

ㅤㅤНајчитани новости

Image

Коста Јанковски и големата игра: Како криминалот создава елита

     Коста Јанковски, контроверзен бизнисмен кој започнал како обичен продавач на јагоди, го претворил своето скромно трговско минато во деловна империја изградена врз темелите на акцизниот шверц и политичките сојузништва. Од времето на транзицијата па сè до денес, неговото име е вплеткано во приказни за даночни затајувања, офшор компании и милионски приходи скриени зад смоквин лист на „скромна“ заработка. Заедно со својот партнер од 90-тите, Енвер Маличи (поранешен Малиќ), регистрираа две компании, „Гемак Трејд“ и „Балкан“, кои станаа симбол на нивниот подем во светот на сомнителните бизниси. Преку ексклузивни договори со меѓународни тутунски гиганти, „Ротманс“ и „БАТ“, се стекнаа со екстрапрофити, дел од кои исчезнаа во преводи и фалсификувани документи. Јанковски успеа да ги изгради своите политички врски, прво со СДСМ, а потоа и со сите ...
Image

Две малолетни девојчиња во Македонија се онесвестиле на базен, итно се пренесени во болница

 Две малолетни девојчиња од Тетово завршиле во болница откако купиле алкохол од продавница во градот и потоа го консумирале на базен, информира СВР Тетово. Инцидентот се случил вчера околу 10 часот наутро, а полицијата била информирана околу 18 часот од Џ.Н. (54) од Тетово, кој е родител на едно од девојчињата. Во пријавата се наведува дека неговата ќерка набавила две шишиња со алкохолен пијалак од трафика, по што заедно со своите другарки отишле на базен. По консумирањето на пијалакот, двете девојчиња изгубиле свест и биле веднаш пренесени во тетовската Клиничка болница, каде што добиле соодветна медицинска помош. Случајот е пријавен како „служење алкохол на малолетни лица“ согласно член 204 од Кривичниот законик. Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и документирање на сите околности.
Image

НАЈНОВА ВЕСТ: Во Скопје отворена првата јавна куќа - си направиле и каталог со жени и цени

 Во Скопје, според неофицијални извори, пред неколку дена започнала со работа јавна куќа во која се нудат сексуални услуги за пари. Истите извори тврдат дека во понудата има жени од Македонија, но и од странство -  Колумбија, Бразил, Украина и Албанија. На интернет се појави и каталог со слики од жените како и можност за закажување на термин. Цените се движат од околу 100 до 600 евра , во зависност од времетраењето на ангажманот. Организирањето и посредувањето во проституција во Република Македонија е строго забрането и казниво според Кривичниот законик , со можност за високи парични и затворски казни . И покрај сериозноста на случајот, досега нема реакција од Министерството за внатрешни работи ниту од другите надлежни институции . Граѓаните очекуваат истрага и официјално потврдување или демантирање на информациите.

Портал 24/7

Портал 24/7
Импресиум | Политика на приватност | Услови за користење | Контакт
Powered by Blogger