Брутално убиство во Македонија: Жена киднапирана, убиена, па запалена

 Министерството за внатрешни работи ја расветли трагедијата во Чегране, каде што жена од селото Здуње била киднапирана, убиена и потоа запалена.

Настанот бил пријавен на 11 декември, кога Ј.М. од Здуње известил дека неговиот чичко му покажал видео на кое се гледа како непознато лице насилно ја внесува неговата мајка Х.А. во автомобил марка „Фиат“.

По грабнувањето, жената престанала да биде достапна на својот телефон, што го поттикнало МВР веднаш да започне со постапки и да повика повеќе лица на службени разговори.

Во текот на разговорите, сопругата на еден од подозрените го признала злосторството. Таа изјавила дека заедно со нејзиниот сопруг С.А. учествувале во убиството на жената, по што телото било запалено на ливадите кај Чегране.

Случајот е целосно обработен од страна на полицијата, а надлежните продолжуваат со понатамошна истрага.