Хаос во Ѓорче: Полицијата спречи поголема колона со албански знамиња да влезе кон центарот на Скопје

 Прославата на Денот на Албанското знаме и годинава не помина без тензии. Вечерва во скопската општина Ѓорче Петров е вистински хаос, откако поголема група возила украсени со албански знамиња се обидоа да се упатат кон централните градски улици. Полицијата интервенираше и не дозволи колоната да продолжи, поради, како што неофицијално дознаваме, безбедносни ризици и опасност од ескалација.

Инцидентот ја подгреа атмосферата во Скопје, каде во текот на целиот ден низ повеќе општини се движеа паради со свирежи, отворени прозорци и развеани албански знамиња. Колоните се пробиваа низ прометните улици, а жителите на Чаир, Карпош и Центар пријавуваа нарушен сообраќај и гласни прослави што траеле со часови.

Додека за едни ова беше празнична глетка, за други причинa за вознемиреност.

Полицијата беше присутна на повеќе локации во градот, а најголемиот интензитет на мерки беше токму во Ѓорче Петров, каде се проценуваше дека ситуацијата може да излезе од контрола. Според очевидци, дел од возачите одбиеле да го почитуваат полициското насочување, по што следеле кратки турканици и вербални расправии.