ВНИМАТЕЛНО ДЕНЕС: Се очекуваат немири во Скопје, Тетово и Куманово

 Денеска низ повеќе скопски општини и градови со поголемо албанско население се очекува зголемена тензија поради најавените прослави по повод Денот на албанското знаме. Надлежните служби најавуваат засилено полициско присуство, особено во попладневните и вечерните часови, со цел да се спречат евентуални инциденти.

Лани токму на овој ден беа забележани повеќе сериозни нарушувања на јавниот ред и мир. Се палеше и кинеше македонското знаме на јавни места, имаше пукање со автоматско оружје, а низ делови од Скопје се изведуваше опасно дрифтање со автомобили, што предизвика силна реакција во јавноста. Полицијата тогаш интервенираше на неколку локации и поднесе повеќе пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира судбината од минатата година да не се повтори. Од МВР велат дека секој обид за нарушување на редот ќе биде санкциониран, а повикуваат сите граѓани да прослават мирно и достоинствено.

Институциите остануваат во готовност доколку повторно дојде до ескалација.