Бркотница и пукање на автопатот Тетово-Скопје - Тигрите уапсија две лица


 Утрово на автопатот Тетово–Скопје се одвивала вистинска бркотница како од филм, откако специјалната антитерористичка единица „Тигар“ започнала координирана акција за приведување на две лица од Тетово, осомничени за повеќе тешки кривични дела.

Според првичните информации, специјалците им пристапиле на осомничените во близина на едно казино покрај автопатот, но тие се обиделе да избегаат со возило, започнувајќи опасна бркотница во која биле испукани и неколку предупредувачки истрели.

По кратката, но драматична потера, припадниците на Единицата „Тигар“ успеале да го запрат возилото и да ги лишат од слобода двете лица, кај кои, според полициски извори, биле пронајдени докази поврзани со нелегална продажба и дистрибуција на дрога, како и други кривични дела што укажуваат на организиран криминал.