Пожарот кој го потресе светот е од катастрофални размери: Рапидно порасна бројот на загинати, стотици се водат за исчезнати

 Најмалку 36 лица го загубија животот, а 279 лица се водат како исчезнати во разорниот пожар што избувна во висококатниците во областа Таи По во Хонг Конг. Според најновите информации, 29 лица се повредени, од кои седум се во критична состојба. Претходните податоци говореа за 13 жртви и 16 повредени, но бројките драматично се зголемуваат.

Пожарот ги зафати сите осум згради од комплексот Ванг Фук Корт, кои се изградени со бамбусови скелиња што и понатаму горат, јавуваат локалните медиуми. Илјадници жители останаа блокирани во своите станови додека пламенот се ширеше со огромна брзина.

Комплексот се состои од осум згради со по 31 кат, со вкупно 2.000 станови во кои живеат околу 4.800 луѓе.

Од Противпожарната служба соопштија дека пожарот е „делумно ставен под контрола“, но неговото целосно гаснење е отежнато поради екстремната температура и силното топлотно оптоварување внатре во зградите.

На терен се распоредени 128 противпожарни возила и околу 800 пожарникари, кои се борат со огнената стихија веќе неколку часа.