Четири лица го загубија животот, а уште три се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 6:20 часот на регионалниот пат меѓу Ириг и Рума во Србија. Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога патничко комбе, од засега непознати причини, се забило во градежен валјак, пренесе „Телеграф“.
Сликите од местото на настанот биле вознемирувачки – ударот бил толку силен што комбето се подмачило под тешката машина и останало целосно деформирано. На лице место веднаш стигнале екипи на брза помош, противпожарни служби и полициски патроли.
Пожарникарските екипи со часови се бореле да ги извлечат настраданите од згмеченото возило. Неофицијално, тројца од патниците биле пронајдени без знаци на живот уште при пристигнување на службите. Повредените се префрлени во најблиските болници за укажување медицинска помош.
Меѓу загинатите, според неофицијални извори, има и едно лице со македонско државјанство.
Полицијата спроведува деталeн увид со цел да се утврди што точно довело до фаталниот судир.
Сообраќајот на овој дел од патот е целосно блокиран и нема да биде пуштен додека трае истрагата. Возачите се упатуваат да користат алтернативни патни правци сè до следно официјално известување.
