Вечерва околу 19:50 часот, на патот што води кон хотелот „Инекс“ и претседателската резиденција во Охрид, бил забележан зголемен број полициски екипи и возило на Итната помош, откако било пронајдено тело на маж без знаци на живот.

На фотографии добиени од очевидци се гледа дека местото е обезбедено со полициска лента, а форензичарите вршат увид и собираат докази. Засега не се открива кој е починатиот, ниту што точно се случило.
Од СВР Охрид велат дека повеќе информации ќе бидат соопштени утре, откако ќе заврши увидот и ќе се добијат насоки од Јавното обвинителство.
