Ова е 16 годишната Теодора која потона во Вардар, очајните зборови на нејзината мајка

 Сè уште трае потрагата по 16-годишната Теодора Бабарчиќ, која вчера исчезнала во реката Вардар, во близина на селото Уланци, општина Градско.

Последен пат била видена носејќи розов дводелен костим за капење. Теодора е со темна коса и кафени очи. Надлежните служби се веќе информирани и активно работат на терен, но досега таа сè уште се води како исчезната.

Нејзината мајка, скршена од болка, упати јавен апел:

„Ја барам мојата ќерка со сета сила… Срцето ми се кине. Ве молам, ако некој има било каква информација, веднаш нека се јави во полиција. Секоја ситница може да биде клучна.“

Се повикуваат рибарите, земјоделците, овчарите и сите кои се движат покрај Вардар – од подрачјето на Градско па сè до Гевгелија – да бидат особено внимателни и веднаш да пријават доколку забележат нешто невообичаено.

Доколку некој има било каква информација што би помогнала во пронаоѓањето на Теодора, се замолува да се јави во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 192.