Македонија: Го фатиле како краде лубеници, па го претепале до смрт

 Обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против две лица, осомничени за кривично дело „Насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 24 јули во селото Орешани. Осомничените, на возраст од 39 и 31 година, сметале дека едно лице украло лубеници од нивата на едниот од нив. Тие со камион го следеле оштетениот од Петровец до дворот на куќата на неговиот внук во Орешани. Таму го извлекле од возилото и физички го нападнале, го удирале со тупаници, а едниот користел и водоводџиски клешти. Жртвата паднала во безсознание и моментално се наоѓа во критична состојба на Клиниката за неврохирургија.

Насилството предизвикало страв и кај внукот на жртвата и кај мештаните. Поради сериозноста на делото и ризикот од бегство, обвинителот предложил притвор за осомничените.