Автобус на ЈСП се запали во движење, возачот е пренесен во болница

 Утринава во 07:16 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ избувнал пожар во автобус што сообраќал во рамки на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Возачот на возилото, С.Б., успеал навреме да интервенира и да го локализира пожарот. Потоа бил префрлен на Клиниката за токсикологија при клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што добил медицинска помош.

Надлежните од МВР информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расветлување на инцидентот и утврдување на причините што довеле до избувнување на огнот.