Македонски државјанин се удави во Јадранското Море

 Попладнево на една од плажите кај Каваја, во близина на Драч, Албанија, животот го загуби македонски државјанин.

Според информациите од албанската полиција, околу 19 часот 66-годишен маж од Македонија влегол во морето, но по кратко време му се слошило и доживеал срцев удар. Од ударот, мажот почнал да се дави, а присутните веднаш се обиделе да му помогнат.

На терен стигнала и екипа од итната помош, но за жал, лекарите само ја констатирале смртта.

Случајот е пријавен и надлежните служби работат на целосно расчистување на околностите.