- Get link
- X
- Other Apps
На 24 јули 2025 година, околу 12:15 часот, во близина на струшкиот брег на Охридското Езеро било пронајдено безживотно тело на маж. Случајот бил пријавен во ОВР Струга.

По извршената истрага и идентификација, утврдено е дека станува збор за 55-годишниот И.Д. од Скопје. Според првичните информации од лекар на Итната медицинска помош, на телото немало видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

- Get link
- X
- Other Apps