СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Мајка и татко се удавија во плитко, бебето спасено со херојски потег на таткото (ФОТО)
Страшна трагедија ја потресе Романија, каде млад брачен пар се удави во Дунав, обидувајќи се да ја спасат својата ќерка. Настанот се случил на дивата плажа во Гостин, округ Ѓурѓу.

Дваесетгодишната Стефанија влегла во водата со деветмесечното бебе, но паднала во длабочина и ја однела силна струја. Нејзиниот сопруг Роберт (26) скокнал по нив и успеал да го спаси детето, но тој и сопругата биле повлечени од водата. Девојчето е спасено и надвор од опасност, а телата на родителите беа пронајдени ден подоцна.
Во реката била и 13-годишната сестра на Стефанија, која исто така била спасена благодарение на полицаец во цивил со џет-ски.
Локалните власти најавија построги контроли на опасните диви плажи, каде што, и покрај забраните, туристи често доаѓаат и го ризикуваат животот. Префектот изјави дека му се скршило срцето кога го видел сирачето и вети мерки за спречување на вакви трагедии.
