На 19 јули 2025 година во 23:05 часот, полицијата од СВР Скопје привела 52-годишен скопјанец, по добиена пријава дека околу 20:45 часот за време на семејна прослава биле испукани истрели од огнено оружје.

Полициски службеници излегле на терен и го затекнале лицето како пука во воздух. При прегледот биле пронајдени и одземени гасен пиштол од марка „Екол Специјал 99“ со калибар 9 мм и гасни куршуми. На местото на настанот биле пронајдени и испукани чаури, кои се подигнати за понатамошна истрага.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничениот.
