Исчезна 34 годишна жена во Македонија, мајка на две деца

 Семејството на 34-годишната Б.Ј.А. од Прилеп со голема загриженост ја пријави нејзината мистериозна исчезнатост и преку социјалните мрежи апелира за помош од јавноста во нејзиното пронаоѓање.

Како што соопшти СВР Битола, случајот бил пријавен на 23 јули 2025 година, во 23:02 часот, од страна на нејзината сестра С.Ј.М., која навела дека Б.Ј.А. се оддалечила од домот со својот автомобил и оттогаш нема никаков контакт со неа.

Според блиски роднини, исчезнатата жена се соочувала со здравствени потешкотии, што ја зголемува вознемиреноста на семејството и ги прави околностите уште посериозни.

Последен пат Б.Ј.А. била забележана во селото Крушеани, од каде заминала со темно мастилно сини Audi A4 со регистарски таблички PP 7822AG. Од тој момент ѝ се губи секоја трага, а нејзиниот мобилен телефон е исклучен.

Семејството упатува емотивен апел до сите граѓани – доколку некој ја забележи или има каква било информација што може да помогне, да се јави веднаш во најблиската полициска станица или на бројот 192.

„Ве молам од срце, помогнете ни! Мојата сестра Биљана, мајка на малите Дори и Таиса, е исчезната повеќе од едно деноноќие. Секој миг е важен“, порачува нејзината сестра преку социјалните мрежи.